Благодариме што посетувате веб-локација на Volkswagen AG, Berliner Ring 2, 38440 Wolfsburg, Германија, е-пошта: kundenbetreuung@volkswagen.de, заведено во трговскиот регистар при Основниот суд во Брауншвајг под број HRB 100484 („Volkswagen AG“ или „ние“, „нам“ или „наш“). Во продолжение ќе ве информираме за обработката на вашите лични податоци од страна на Volkswagen AG, во врска со вашата посета на веб-локацијата.
Б. Обработка на вашите лични податоци
1 Обработка на протоколарните податоци
При посетата на нашата веб-локација – веб-локацијата myvolkswagen.net („myVolkswagen“) – ги обработуваме следниве ваши протоколарни податоци, коишто не откриваат ништо за вашата личност:
анонимен ИД на колаче што не ја открива вашата IP-адреса,
вашиот оперативен систем, веб-прегледувач и резолуцијата на екранот,
датумот и времето на посетата,
веб-локациите што сте ги посетиле кај нас и
веб-локацијата од која нè посетувате.
Обработката на овие податоци се врши врз основа на член 6 став 1 точка ѓ од GDPR врз основа на нашиот легитимен интерес да можеме правилно да ви ја прикажеме веб-локацијата. Податоците се бришат по 30 дена.
За хостирање на веб-локацијата myVolkswagen и за да се обезбедат поединечни функции, личните податоци обработени од CARIAD SE се складираат во облак за веб-услуги управуван од Microsoft Ireland Operations Limited, One Microsoft Place, South County Business Park, Leopardstown, Dublin 18, D18 P521, Ireland. Microsoft Ireland Operations Limited ги кодираат личните податоци според договорите склучени со CARIAD SE и ги обработуваат исклучиво на сервери за податоци во Европската Унија. Не може да се исклучи пристап (за читање) до информациите од страна на Microsoft Corporation или фирми ќерки со седиште во земја која е надвор од ЕУ/ЕЕЗ. Склучени се соодветни договорни клаузули за пренос на лични податоци на обработувач на налози во трети земји што се стандардни за ЕУ, за доволно да се заштитат вашите лични податоци. Искористените договорни клаузули стандардни за ЕУ може да се најдат на URL https://eur-lex.europa.eu/legal-content/EN/TXT/?uri=CELEX:32021D0914.
Паралелно со обработката спомената погоре, личните податоци обработени на овој начин се складираат во облак за веб-услуги управуван од Amazon Web Services, Inc. („AWS“) 410 Terry Ave. North, Seattle, WA 98109, USA. AWS ги кодираат личните податоци според договорите склучени со нас и ги обработуваат исклучиво на сервери за податоци во Европската Унија. Не може да се исклучи пристап (за читање) до информациите од страна на Amazon Web Services, Inc. со седиште во САД. Склучени се соодветни договорни клаузули за пренос на лични податоци на обработувач на налози во трети земји што се стандардни за ЕУ, за доволно да се заштитат вашите лични податоци. Искористените договорни клаузули стандардни за ЕУ може да се најдат на URL https://eur-lex.europa.eu/legal-content/EN/TXT/?uri=CELEX:32021D0914.
2. Volkswagen ID
Можете да се најавите на myVolkswagen со вашиот Volkswagen ID. Тој служи како централен кориснички налог во кој можете централно да управувате со вашите лични податоци. Кога ќе се пријавите со вашиот Volkswagen ID на myVolkswagen, ги обработуваме податоците од вашиот кориснички налог на Volkswagen ID (Член 6 став 1 точка б од GDPR):
Име,
ословување и титула,
датум на раѓање,
адреса,
телефонски броеви,
претпочитан јазик,
профилна слика.
За да можете да користите одредени функции на оваа веб-локација, треба да се регистрирате со Volkswagen ID или да се најавите со постоечки кориснички налог Volkswagen ID. Понатаму, веб-локацијата нуди функции што навистина предвидуваат регистрација, односно најава со Volkswagen ID, но не побаруваат. Ако користите Volkswagen ID, избраната услуга ќе биде поврзана со вашиот кориснички налог на Volkswagen ID. Ова поврзување се врши само ако сте се согласиле (член 6 став 1 точка а од GDPR). Понатамошни информации за обработката на податоци во рамки на Volkswagen ID ќе најдете во Изјавата за заштита на податоци, на https://vwid.vwgroup.io/data-privacy.
3. Функции на myVolkswagen
Наведените дигитални услуги во следниот дел можат да се најдат во подрачјето за клиенти на myVolkswagen. myVolkswagen ги обединува релевантните информации и прилагодувања околу вашето возило, како и дигиталните услуги.
a. Виртуелна гаража
Во виртуелната гаража, имате можност да ги зачувате вашите порачани или веќе поседувани возила во профилот на Volkswagen ID. На тој начин, можеме да ви дадеме преглед на вашите возила и нивната опрема, како и удобен пристап до други услуги поврзани со возилото на веб-локацијата, без да морате одново да го идентификувате вашето возило. За тоа, внесете го комисискиот број (кај возила што се наоѓаат во производство) или бројот на шасија (VIN; кај возила што се веќе во посед), за да го идентификувате возилото. Потоа имате можност да внесете доброволно други податоци за вашето возило (ознака, прекар), кои ќе ви олеснат да го идентификувате возилото во тековно достапниот преглед на возила. Ако овие податоци се веќе достапни во Volkswagen ID, ќе се пренесат на виртуелната гаража. Ако се одлучите да ги внесете овие податоци, истите ќе се зачуваат во Volkswagen ID. Во тој случај, вашите лични податоци ќе се обработуваат за да можеме да ви ги доставиме бараните услуги. Обработката се врши според чл. 6 став 1 точка б од GDPR.
Понатаму, во овој преглед на возила ќе ви се прикажат слики од возилото во фаза на производство. Тие податоци ќе ви се уредат според внесениот идентификациски број на возилото. Ако сакате да ги избришете или промените податоците, тоа можете да го направите во Volkswagen ID. Вашите лични податоци ќе се чуваат колку што е потребно за да ви се достават бараните услуги. Ако не сте се најавиле со Volkswagen ID во рок од 5 години, ќе го избришеме тој Volkswagen ID, вклучувајќи ги и личните податоци, освен ако не сме обврзани да ги чуваме податоците подолго од други причини.
б. Протоколарни податоци
Ако сте се пријавиле со вашата Volkswagen ID во myVolkswagen, ќе ги евидентираме следниве податоци во случај на грешки:
Вашиот Volkswagen ID во форма на корисничкото име
Вашиот идентификациски број на возилото (доколку грешката во функција со контекст на возилото настапила, а вие претходно сте додале возило во вашиот кориснички налог)
Овие протоколарни податоци ги обработуваме врз основа на оправдан интерес (чл. 6 став 1 точка ѓ од GDPR), кој постои во тоа да се отстранат брзо грешки што настапуваат на оваа локација и најдобро да ве поддржуваме во случај на грешка. Овие протоколарни податоци ќе се зачуваат кодирани и ќе се избришат автоматски по 30 дена.
в. Customer Interaction Center (CIC)
Можете да стапите во контакт со Customer Interaction Center (CIC) ако имате проблеми со нашите дигитални услуги или апликации (на пример, преку пошта, е-пошта или телефон). Во тој контекст, [ги обработуваме/Volkswagen AG ги обработува] личните податоци потребни за обработка на вашето барање за целите на корисничката поддршка (име, адреса на е-пошта, адреса, телефонски број, држава и јазик). Повеќе информации за обработката на личните податоци кога се користи CIC можете да пронајдете во Политиката за заштита на лични податоци на CIC на [https://cic-legal.volkswagen.com].
В. Употреба на колачиња
а. Општи информации
Volkswagen AG користи колачиња на своите веб-локации. Колачињата се мали датотеки со информации за конфигурирање коишто се зачувуваат на вашиот мобилен уред. Колачињата во основа се делат во три категории. Тоа се колачиња што се неопходни за функционалност на веб-локацијата (т.н. функционални колачиња).
Обработката од функционалните колачиња е неопходна за да ви овозможи да ја посетите веб-локацијата (спореди чл. 6 став 1 точка б GDPR).
Повеќе информации за нашите колачиња можете да најдете во Упатствата за веб-колачиња.
Г. Вашите права
Можете да ги уважите следните права спрема Volkswagen AG во секое време. За повеќе информации за остварување на вашите права, видете во делот Г.
Право на информации
Имате право да добивате информација дали определени лични податоци ќе се обработуваат од нас и за кои се работи (чл. 15 GDPR), како и информација за обработката на вашите лични податоци. Освен тоа, имате право да добиете копија од личните податоци што сме ги обработиле.
Право на корекција
Имате право да побарате да ги поправиме неточните или нецелосните лични податоци за вас (член 16 DSGVO).
Право на бришење
Имате право да побарате бришење на вашите лични податоци доколку се исполнети предусловите утврдени во член 17 од GDPR. Според оваа одредба можете, на пример, да побарате бришење на вашите податоци, доколку тие повеќе не се потребни за целите за кои се собрани. Освен тоа, може да побарате бришење доколку ги обработуваме вашите информации врз основа на вашата согласност и вие ја отповикате оваа согласност.
Право на ограничување на обработката
Имате право да побарате ограничување на обработката на вашите податоци доколку се исполнети предусловите утврдени во член 18 од GDPR. Ова е случај, на пример, доколку ја негирате точноста на вашите податоци. За времетраењето на проверката на точноста на податоците може да побарате ограничување на обработката.
___
Право на приговор
Доколку обработката се заснова на преовладувачки оправдан интерес или е потребна за исполнување на задача која лежи во јавен интерес, или се изведува од пренесена јавна моќ на нас (чл. 6 став 1 точка e од GDPR), имате право да се спротиставите на обработката на вашите податоци. Во случај на приговор, известете нѐ за причините поради кои се спротивставувате на обработката на податоците.
Покрај тоа, имате право да се спротиставите на обработката на вашите лични податоци за маркетиншки цели. Истото важи и за профилирањето, кога тоа е во склоп со директен маркетинг.
___
Право на преносливост на податоци
Онаму каде што обработката на податоците се заснова на ваша согласност или исполнување на договорот, а тоа е направено со примена на автоматска обработка, имате право да ги добивате вашите податоци во структуриран, вообичаен и машински читлив формат и да ги пренесете на други одговорни (Чл. 20 GDPR).
Право на отповикување: Доколку обработката на податоците е заснована на ваша согласност, имате право, со ефект за во иднина, бесплатно и во секое време да ја отповикате согласноста.
Право на жалба
Освен тоа, имате право да се жалите до надзорниот орган или друго надлежно место за заштита на податоци, за нашата обработка на вашите податоци. Тоа може да биде, на пример, службата за заштита на податоците во вашата земја на престој. Список на сите служби за заштита на податоците во Европската унија може да се најде тука: https://ec.europa.eu/justice/article-29/structure/data-protection-authorities/index\_en.html
Д. Лице за контакт
Лице за контакт за остварување на вашите права
За сите информации околу тоа, на кое лице можете да се обратите за да ги остварите своите права или да добиете информации, посетете ја следната врска https://privacy.volkswagen.com.
Службеник за заштита на лични податоци
Нашиот службеник за заштита на лични податоци ви е достапен како лице за контакт за прашања поврзани со заштитата на податоците, како и за остварување на вашите права:
Datenschutzbeauftragter der Volkswagen AG
Berliner Ring 2, 38440 Wolfsburg
Е-пошта: datenschutz@volkswagen.de
Состојба: Февруари 2021
Политика за заштита на лични податоци за употреба на Customer Interaction Center (CIC)
A. Контролор на лични податоци
Ви благодариме за употребата на Customer Interaction Center (CIC). Канцеларијата која е одговорна за CIC и контролорот на лични податоци за обработка на податоците опишани во оваа Политика е Volkswagen AG, Berliner Ring 2, 38440 Wolfsburg, Германија, vw@volkswagen.de, регистрирано во Трговскиот регистар на Подрачниот суд Брауншвајг под бр. HRB 100484 („Volkswagen AG“). Во продолжение се наоѓаат информации за тоа како вашите лични податоци се собираат, обработуваат и користат во контекст на употребата на услугата CIC.
B. Обработка на личните податоци на приватни корисници при користење на CIC
I. Обработка во случај на употреба на веб-страницата за „Помош за апликации и дигитални услуги“
Кога ја користите нашата веб-страница, тогаш ги обработуваме следните датотеки на активности од вас, кои што не ни овозможуваат да ве идентификуваме: Идентификациско колаче, кое не овозможува да се утврди вашата IP адреса, оперативниот систем кој го користите и веб-прелистувачот кој го користите и резолуцијата на вашиот екран, датумот и времето на вашата посета, страниците што сте ги посетиле на нашата веб-страница и веб-страницата од која сте не посетиле, како и за IP адресата на уредот што сте го употребиле за пристап до нашата веб-страница. Таквите податоци се обработуваат врз основа на член 6, став 1, точка f) од GDPR, поради нашиот легитимен интерес да можеме соодветно да ви ја прикажеме веб-страницата. Податоците се бришат по 30 дена.
За хостинг на веб-страницата, ги користиме Amazon Web Services, Inc. ("AWS") 410 Terry Ave. North, Seattle, WA 98109, USA во улога на обработувач. Во AWS, податоците се енкриптирани согласно склучените договори со нас и исклучиво се обработуваат на податочни сервери во Европската Унија. Со оглед дека AWS се наоѓа во САД, не може да се исклучи пристап (читање) на податоците од САД. Склучен е соодветен стандарден договор за заштита лични податоци на на ЕУ за да се загарантира соодветна заштита на вашите лични податоци. Стандардните договорни клаузули на ЕУ можете да ги преземете на следниот УРЛ https://eur-lex.europa.eu/legal-content/EN/TXT/?uri=CELEX%3A32010D0087.
Volkswagen AG исто така користи разни колачиња на веб-страницата. Колачињата претставуваат мали датотеки со информации за конфигурацијата, коишто се зачувуваат на вашиот уред. Всушност, колачињата можат да се поделат на три категории. Има колачиња коишто се неопходни за функционалноста на веб-страницата (т.н. функционални колачиња), колачиња кои го зголемуваат комфоротна посетителите на веб-страницата, на пример, ги зачувуваат вашите поставки за јазикот (т.н. колачиња за комфор) и колачиња што се користат за псевдонимизирање на кориснички профили (т.н. колачиња за следење). Volkswagen AG користи само функционални колачиња на страниците на CIC. Обработката на функционалните колачиња е потребна за да ви се овозможи употребата на веб-страницата (видете член 6, став 1, точка b) од GDPR).
II. Обработка на барања и корисничка поддршка, самоуслужување
1. Обработка на податоците во однос на обработката на барања и корисничка поддршка
Можете да стапите во контакт со CIC со барања во врска со нашите дигитални услуги и апликации или нашите производи и услуги (на пример, преку пошта, формулар за контакт или телефон). Во тој контекст, ги обработуваме личните податоци коишто се потребни за постапување со вашето барање за целите на корисничка поддршка (име, адреса на е-пошта, адреса, телефонски број, држава и јазик). Може да обработиме и дополнителни податоци за да постапиме со поединечните барања, како податоци за договор (вашиот договор и броеви на клиент, дадена согласност), податоци за трансакции (други податоци за фактура), податоци за возило (идентификациски број на возило, првична регистрација, информации за опрема), податоци за употреба на возило (километража, дневник на активности, нивоа на течности), податоци за сервис (на пример, датум на предавање/земање возило, заменско возило), податоци за хардвер (тип на уред, производител на уред, сериски број на уред), податоци за софтвер (на пример, верзија на фирмвер, оперативен систем и на апликација), информатички податоци за употреба (регистрирање за услуги, употреба на функции) или податоци за плаќање (банкарски податоци). Ако нè контактирате постојано, тогаш ги обработуваме и постоечките информации за вашите претходни барања. Ако имате Volkswagen ID, ги обработуваме личните податоци што се зачувани во вашата корисничка сметка на Volkswagen ID и поврзаните услуги заради корисничка поддршка, ако е потребно, како на пример информации за сметка (на пример, претпочитан партнер), податоци за трансакција (на пример, наплаќања), податоци за договор (на пример, потврдени одредби и услови), информатички податоци за употреба (на пример, последно најавување во услугите, употреба на функции) (видете го членот 6, став 1, точка b) од GDPR). Повеќе информации за ова можете да најдете во политиката за заштита на податоците за соодветната услуга. Преглед на услугите што сте ги регистрирале со вашата Volkswagen ID можете да најдете на вашиот портал Volkswagen ID.
Со цел да го подобриме нашиот сервис за корисници и деловните процеси, функционалноста за клиенти за барање термин до вашиот сервисен партнер, за да го оптимизираме користењето од страна на клиентите и да ги исправиме грешките во производот, ги обработуваме податоците од вашето барање за термин за сервис до вашиот сервисен партнер (на пр., идентификациски број на возилото, категорија на барања за сервис, датум на испраќање на барањето за закажување, сервисниот партнер избран од вас и информации за договорениот термин за сервис). Освен тоа, соодветниот сервисен партнер ги префрла и следните податоци: идентификацискиот број на возилото, времето на барање за термин за сервис (прифаќање на барањето за термин), времето на остварување на контактот и времето на затворање на записот. Ги анализираме гореспоменатите податоци заради подобрување производи и гарантирање на квалитетот на барањето термин за сервис до вашиот сервисен партнер и за да избегнеме прекини или доцнење во процесот за обработка на барањата. На пример, проверуваме за грешки во префрлањето податоци до вашиот сервисен партнер (на пример, нецелосни податоци или задоцнувања во префрлањето податоци) за да ги препознаеме порано и да ги коригираме. На тој начин, можеме да ги исполниме барањата на клиентите за термини на најдобар можен начин и задоволството на клиентите со дигиталните услуги може да се зголеми.
Освен тоа, споменатите податоци се препраќаат до увозникот одговорен за вашата земја за обработка, проверка и подобрување, на пример, преку ревизии на квалитетот. Оваа обработка на податоци се одвива врз основа на нашиот горенаведен интерес да го зголемиме задоволството на корисникот од нашите услуги и да им понудиме на нашите клиенти навремено закажување преку нашиот сервисен партнер. (Член 6, став 1, точка f, DSGVO). Споменатите податоци се бришат по пет години. Ние ги користиме CARIAD SE и Amazon Web Services GmbH како наши обработувачи за поддршка.
Обработуваме и лични податоци за барања добиени од трети страни - особено од националниот дистрибутер (увозник) одговорен за вашата држава , партнерите на Volkswagen и подружниците на Volkswagen AG (на пример, Volkswagen Group Charging GmbH) – ако ги упатите барањата директно до такви трети страни или вашето барање е поврзано со нашите производи и услуги и таквото барање можеме само ние да го обработиме (информации за заштита на податоците во поврзаност со такви трети страни можете да пронајдете во релевантната изјава за заштита на податоци на третата страна).
Ако добиеме барање од вас коешто не е во рамките на надлежноста на корисничката поддршка, но е во надлежност на трета страна, или коешто не можеме да го обработиме без таква трета страна да има удел во обработката, ќе го препратиме вашето барање до релевантната трета страна во енкриптирана форма, ако е тоа потребно, со цел обработка на вашето барање и овозможување корисничка поддршка и ако тоа води кон побрзо и полесно обработување врз основа на вашите и нашите легитимни интереси (видете член 6, став 1, точка f) од GDPR). Ако таквата трета страна се наоѓа надвор од Европската Економска Област и/или пристапот (читањето) на податоците од трети земји не може да се исклучи, се склучува соодветен стандарден договор за заштита на личните податоци на ЕУ за да се загарантира доволна заштита на вашите лични податоци. Стандардните договорни клаузули на ЕУ можете да ги преземете на следниот УРЛ https://eur-lex.europa.eu/legal-content/EN/TXT/?uri=CELEX%3A32010D0087.
Кога го користите CIC, ги обработуваме вашите лични податоци само ако е тоа потребно со цел обработка на вашето барање и овозможување корисничка поддршка (видете член 6, став 1, точка b) од GDPR) и освен ако е поинаку наведено за поединечни функции или услуги во оваа Политика за заштита на лични податоци. Во тој контекст, ги чуваме вашите податоци само онолку долго колку што е потребно за наведените цели заради кои ги обработуваме вашите лични податоци. Соодветниот период на задржување е три години, на пр., за едноставни прашања или поплаки, 10 години, на пр., за барања за отштета во врска со сертификатите на производителот и 15 години, на пр., за побарувања во врска со правен спор. Ако вашите лични податоци се потребни и се обработуваат заради повеќе цели, веднаш штом биде исполнета последната конкретна цел, вашите лични податоци автоматски ќе бидат избришани или се чуваат во анонимизирана форма, што спречува податоците да бидат поврзани директно со вас.
2. Обработка на податоци во однос на самоуслужувањето
Ако не сакате да не контактирате директно, можете да ја употребите нашата услуга за самоуслужување. Со нашата услуга на самоуслужување директно добивате одговори на вашите често поставувани прашања (ЧПП), при што на секое прашање што ќе го внесете во полето за пишување ви се предложува конкретен одговор. Не треба да внесувате лични податоци во полето за прашање при самоуслужување и можете да поставувате прашања анонимно. Доколку внесете лични податоци во полето за прашања при само-услужување, ги бришеме личните податоци онолку колку што е тоа возможно - со исклучок на вашето име, името на градот и улицата поради технички причини - пред да ви одговориме на прашањето. За да ви одговориме, автоматски скенираме што сте напишале и систематски ги шифрираме секвенците на бројки, како поштенските броеви, броевите на куќи и идентификациските броеви на возила, за да можеме да направиме само разлика според градот, улицата или серијата на возило, плус моделот и година на моделот. Потоа повеќе не можеме да ги поврземе податоците со вас како личност. Заради гаранција на квалитетот на самоуслужувањето, зачувуваме генерички идентификациски броеви на сесиите поврзани со барањата на корисниците. Меѓутоа, не можеме идентификациските броеви да ги поврземе со вас како личност. Таквата обработка на податоци се заснова врз нашите легитимни интереси (видете член 6, став 1, точка f) од GDPR) да ви ги овозможиме најдобрите можни услуги и да ви одговориме на често поставуваните прашања (ЧПП) согласно потребите. Сите записи внесени во полето за поставување прашање при самоуслужување ги бришеме по 100 дена или во согласност со законските обврски, на пример, штом целта поради која биле собрани ќе престане и доколку бришењето не е во спротивност со други обврски за задржување на податоците.
3. Информации за обработувачите на лични податоци
За да ви ги овозможиме услугите на CIC и поединечните функции користиме даватели на услуги. Ако давателите на услуги ги обработуваат вашите лични податоци во наше име, тоа значи дека сме склучиле договор за обработка на лични податоци со нив и сме договориле соодветни гаранции за заштита на личните податоци што се наоѓаат кај овие даватели на услуги. Нашите даватели на услуги ги бираме многу внимателно. Тие ги обработуваат личните податоци само заради исполнување на нивните одговорности и се договорно обврзани да ги следат нашите упатства, имаат соодветни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци што се кај нив и се редовно надгледувани од нас.
За обработка на вашите барања, за да ви овозможиме корисничка поддршка и заради рекламирање, ги користиме Teleperformance Group Europe, Middle-East and Africa SAS (Франција), Concentrix Holding Germany GmbH (Deutschland) и Salesforce.com EMEA Limited (Обединето Кралство) како обработувачи на лични податоци со операции во облак во рамките на Европската Унија. Salesforce се наоѓа во Соединетите Американски Држави, така што не може да се исклучи пристап (читање) на податоците од Соединетите Американски Држави. Склучен е соодветен стандарден договор за заштита на лични податоци на ЕУ за да се загарантира соодветна заштита на вашите лични податоци. Стандардните договорни клаузули на ЕУ можете да ги преземете на следниот УРЛ https://eur-lex.europa.eu/legal-content/EN/TXT/?uri=CELEX%3A32010D0087. Податоците што се хостирани во Европа се исто така заштитени преку склучување договор за обврзувачки корпоративни правила (соодветна гаранција за обработка на личните податоци во неевропски земји).
Покрај тоа, Volkswagen AG ги користи Cariad SE, Adastra GmbH и Deloitte Consulting GmbH, сите со седиште во Германија, како обработувачи на лични податоци за да обезбеди непречна работа и понатамошен развој..
Кога ги обработуваме вашите барања и заради целите на корисничката поддршка и анализа на вашите податоци со цел гаранција на квалитетот и подобрување на корисничката поддршка и нашите производи и услуги, ги користиме Amazon Web Services EMEA SARL (Ирска) како договорно обврзан обработувач, со операции во облак во рамките на Европската Унија. Снимките заради целите на подобрување на корисничката поддршка се транскрибираат со софтверот за транскрипција Amazon Transcribe. Со оглед дека AWS се наоѓа во САД, не може да се исклучи пристап (читање) на податоците од САД. Склучен е соодветен стандарден договор за заштита на лични податоци на ЕУ за да се загарантира соодветна заштита на вашите лични податоци. Стандардните договорни клаузули на ЕУ можете да ги преземете на следниот УРЛ https://eur-lex.europa.eu/legal-content/EN/TXT/?uri=CELEX%3A32010D0087.
Inbenta Holdings INC. ги користиме за овозможување на услугата за самоуслужување. Sucursal en España, C/ Arago 222, 08011 Barcelona (Шпанија).
III. Употреба со/без корисничка сметка на Volkswagen и подготовка на регистрација за сметка
Ако стапите во контакт со нас со барање за дигитални услуги или апликации, проверуваме дали веќе имате корисничка сметка Volkswagen ID; според тоа, ќе ве прашаме за вашата адреса на е-пошта и ќе провериме дали веќе имате Volkswagen ID (со помош на Volkswagen ID можете да се најавите во бројни онлајн-услуги, на пример, веб-страници или апликации на Volkswagen AG и трети страни). Корисничката сметка функционира како централна корисничка сметка што можете да ја користите за да управувате со вашите податоци централизирано. Обработката на личните податоци потребна за Volkswagen ID се изведува заради извршување на договорот (видете член 6, став 1, точка b) од GDPR). За регистрација се потребни вашата адреса на е-пошта и лозинката што лично сте ја избрале. Ве молиме погледнете ја Политиката за заштита на лични податоци за Volkswagen ID. Политиката можете да ја најдете на https://vwid.vwgroup.io/data-privacy).
Ако немате корисничка сметка Volkswagen ID кога нè контактирате, можете да побарате од некој од нашите агенти да ја подготви вашата регистрација за Volkswagen ID за време на разговорот со нив. Со ваша согласност (видете Дел. VI) ќе ја заведеме вашата нарачка преку телефон и ќе ги обработиме вашето име, адреса на е-пошта, улична адреса, телефонски број, држава и јазик, со цел подготовка на регистрацијата и за да ви испратиме е-пошта со покана за регистрација на Volkswagen ID. За да бидеме сигурни дека само вие имате пристап до вашите кориснички податоци и за да ја подготвиме регистрацијата, мора да изберете четирицифрен код за покана и да му го пренесете на агентот. Потоа, во рок од 30 дена треба да го внесете кодот за да го завршите процесот на регистрација на вашата Volkswagen ID; само откако правилно ќе го внесете вашиот код, вашите претходно заведени кориснички податоци ќе бидат назначени на вашата Volkswagen ID; така се елиминира можноста за неовластен пристап на трети страни до вашите кориснички податоци во случај поканата биде испратена на погрешна адреса. Ги обработуваме вашите кориснички податоци заради подготовка на регистрацијата за Volkswagen ID (видете член 6, став 1, точка b) од GDPR) и ја бришеме снимката од телефонската нарачка по 60 дена и вашите претходно заведени кориснички податоци по 30 дена).
IV. Согласност за реклами, рекламни пристапи и анкети за задоволството
Ако имате Volkswagen ID, нашиот агент ќе провери како дел од корисничката поддршка дали претходно сте ни ја дале вашата согласност да добивате реклами на адресата на е-пошта што сте ја зачувале во Volkswagen ID. Ако не сте дале согласност да добивате реклами, можете да ја дадете за време на разговорот. Со ваша согласност (видете Дел. VI), ќе ја снимиме вашата волја да ја дадете согласноста телефонски и ви испраќаме е-пошта со покана за согласност за да добивате директни реклами. Можете да ја дадете вашата согласност за да добивате реклами по ваша мерка со кликнување на линкот во е-поштата со покана во рок до 30 дена (видете член 6, став 1, точка a) од GDPR). Ќе ја избришеме снимката од изразената волја да дадете согласност откако ќе ја добиеме вашата согласност по е-пошта. Ако не ја дадете вашата согласност, ќе ја избришеме снимката од вашата волја да дадете согласност најдоцна по 60 дена.
Ако веќе сте ја дале вашата согласност да добивате директни реклами (видете член 6, став 1, точка a) од GDPR), може да ве исконтактира наш агент за да ве посоветува за нашите производи и услуги. За нашиот агент да може да оформи подобар пристап и да ви даде подобар совет, ги обработуваме податоци од вашата корисничка сметка Volkswagen ID и поврзаните услуги, како и резултатите од сегментациите. Ако сте заинтересирани за кои било производи или услуги, вашиот интерес се снима и обработува за последователно да ви прикажуваме реклами коишто се прилагодени по ваша мерка. Повеќе информации за заштита на личните податоци во контекст на давањето согласност за реклами и начини на рекламирање можете да пронајдете во Политиката за заштита на лични податоци за Volkswagen ID на https://vwid.vwgroup.io/data-privacy.
V. Снимање и анализа на барања преку телефон и анкети за задоволство
Ако контактирате со нас по телефон со загриженост за нашите дигитални услуги или апликации и/или учествувате во анкети за задоволство, ќе имате можност да го снимате вашиот разговор пред да започне разговорот за да се обезбеди квалитет и подобрување на сервисот за корисниците и подобрување на дигиталните услуги, со следење на соодветните објави во циклусот на чекање и притискање на соодветните копчиња на вашиот телефон (според чл. 6 став 1 точка a) од DSGVO). Можете да ја отповикате вашата согласност во секое време со тоа што ќе го известите агентот за време на разговорот или со испраќање е-пошта на info-datenschutz@volkswagen.de .
Ако сте ни дале согласност да снимаме еден или повеќе разговори, ние ќе ги снимиме вашите разговори и ќе ги транскрибираме.
За да го обезбедиме квалитетот на нашиот сервис за корисници и нашите дигитални услуги, ги анализираме снимките директно текстуално (на пр., препознавање јазик, синтаксичка анализа, семантичка анализа) и ги категоризираме и класифицираме (на пр., теми, класификација врз основа на чувства). Оваа анализа ни овозможува, меѓу другото, да извлечеме заклучоци за времетраењето, содржината и активноста на разговорот, како и за вашето задоволство од сервисот за корисници. Ова ни овозможува да ги идентификуваме и користиме грижите релевантни за клиентите за дебрифинзи и обука на нашите агенти (на пр., да обезбедиме усогласеност со упатствата, да ги пренесеме упатствата користејќи практични примери). Ги бришеме вашите податоци од анализата на снимките или ги анонимизираме по 14 дена.
C. Обработка на податоци на деловни корисници при користење на CIC
За деловните корисници, обработката на податоците при користењето на CIC веб-страницата/апликацијата е во основа идентична како обработката на податоците опишана во B. (доколку функциите и услугите исто така се нудат на деловни корисници при употребата на CIC). При обработката на вашите барања како деловен корисник, ги обработуваме вашите деловни податоци (на пример, официјална адреса на е-пошта, адреса на седиште) дополнително на или наместо приватните лични податоци споменати во B.II.1. Моментално не нудиме самоуслуга (B.II.2.) на деловни корисници кога користат CIC. Примената на Volkswagen ID (B.III.) важи за деловни корисници за ONE Business ID. Ве молиме погледнете ја деталната политика за заштита на лични податоци на ONE Business ID. Може да ја најдете на https://onebusinessid.com/legal#dataprivacy. Во моментот не нудиме подготовка за деловните корисници за регистрирање на корисничка сметка ONE Business ID при употреба на CIC; истото важи и за подготовката за добивање согласност за реклами, адресирање реклами, анкети за задоволство (B.IV.) (со исклучок на телефонски барања) (B.V.). Објаснувањата за анализа на барања (освен телефонски барања) (B.V.) и снимањето и анализирањето телефонски барања и/или анкети за задоволството (B.VI.) соодветно се применуваат и за деловните корисници.
D. Сајбер безбедност
Имате опција да стапите во контакт со Customer Interaction Center (CIC) ако имате сомнежи за сајбер напад додека ги користите дигиталните услуги. Во овој контекст, Volkswagen AG ги обработува потребните лични податоци за секој одделен случај (пр., име, адреса на е-пошта, адреса, телефонски број, држава и јазик), податоците за договорот (пр., вашиот договор и број на клиент, согласноста), податоците за трансакции (пр., за нарачка и фактури), податоците за возило (пр., идентификациски број на возило, прва регистрација, опрема), податоци за употребата на возилото (пр., километража, евиденција, нивоа на течности), податоци за сервисирање (пр., датум на достава на возило/подигнување/ заменско возило), податоци за хардвер (пр., вид на уред, производител на уред, сериски број на уред), податоци за софтвер (пр., фирмвер, оперативен систем, верзија на апликација), It-податоци за употребата (пр., регистрација за услуги, употреба на функции) или податоци за плаќање (пр., банкарски детали).
Правната основа за да нè контактирате во случај на сајбер безбедносни напади е легитимниот интерес согласно член 6, став 1, точка f од DSGVO. Легитимниот интерес на Volkswagen AG е да обезбеди највисока можна безбедност за нашите дигитални услуги..
При обработката не поддржуваат Cariad SE и Salesforce.com, Inc. како обработувачи на лични податоци. Пристапот до личните податоци од страна на Salesforce.com, Inc. со седиште во САД не може да се исклучи, па затоа се склучени соодветни стандардни договорни клаузули на ЕУ (кои се соодветна гаранција за обработката на личните податоци во неевропски земји). Употребените стандардни договорни клаузули на ЕУ може да ги најдете на https://eur-lex.europa.eu/legal-content/DE/TXT/?uri=CELEX%3A32010D0087.
Ние ги чуваме вашите лични податоци само онолку долго колку што е потребно за соодветните цели за кои ги обработуваме вашите лични податоци и под услов да нема други обврски за задржување што спречуваат бришење.
E. Вашите права
Можете да ги остварувате вашите права директно до Volkswagen AG во секое време бесплатно. Дополнителни информации за остварување на вашите права може да најдетево секција D.
Право на информации и пристап до лични податоци: Имате право да добивате информации од нас (член 15 од GDPR) во врска со обработката на вашите лични податоци.
Право на исправка: Имате право да побарате да ги исправиме вашите лични податоци (член 16 од GDPR), коишто се неточни или нецелосни.
Право на бришење: Имате право, во случај ако условите наведени во член 17 од GDPR се исполнети, да побарате бришење на вашите лични податоци. Според тоа, можете да побарате бришење на вашите лични податоци, на пример, ако повеќе не се потребни за целите за коишто биле собрани. Освен тоа, можете да побарате и бришење ако ги обработуваме вашите лични податоци врз основа на вашата согласност и ја повлечете согласноста.
Право на ограничување на обработката: Имате право да побарате ограничување на обработката на вашите лични податоци, ако се исполнети условите наведени во член 18 од GDPR. Тоа е возможно, на пример, ако ја оспорувате точноста на вашите податоци. Потоа, можете да побарате обработката да биде ограничена онолку колку што е потребно за да се испита точноста на вашите податоци.
Право на приговор: Ако обработката се заснова врз легитимен интерес, имате право да поднесете приговор за обработката на вашите лични податоци. Дозволен е приговор ако обработката е од јавен интерес или поради оправдан интерес на Volkswagen AG или трета страна. Во случај на приговор, се бара од вас да нѐ известите за причините за приговор за обработката на личните податоци.
Освен тоа, имате и право да поднесете приговор и за обработката што се врши заради директен маркетинг. Истото се однесува и на профилирањето, ако тоа е поврзано со директен маркетинг.
Право на преносливост на податоци: Ако обработката на личните податоци се заснова врз согласност или извршување на договор и ако се изведува автоматизирано, имате право да ги добиете вашите податоци во структуриран и вообичаен формат, кој може да се чита машински и да ги препратите кај друг контролор на лични податоци.
Право на повлекување: Сѐ додека обработката на податоците се прави врз основа на согласност, имате право да ја повлечете вашата согласност во секое време со ефект во иднина без надоместок.
Право на поднесување барање до надлежен орган за заштита на лични податоци: Имате право и да поднесете барање до надлежните органи (на пример, надлежното лице за заштита на податоците во Долна Саксонија) во врска со обработката на вашите лични податоци.
F. Вашите лица за контакт
Лица за контакт за остварување на вашите права
За информации за лицето за контакт за остварување на вашите права и за дополнителни информации, посетете го следниот линк: https://datenschutz.volkswagen.de.
Офицер за заштита на лични податоци
Нашиот офицер за заштита на лични податоци е вашиот контакт за проблеми поврзани со заштитата на личните податоци: