Услови на користење
За веб-локацијата www.myvolkswagen.net/mk/mk.html („Веб-локацијата“)
1. Содржина и достапност
Овие Услови на користење важат за вашиот пристап до веб-локацијата и нејзиното користење. Провајдер на оваа веб-локација е Volkswagen AG, Berliner Ring 2, 38440 Wolfsburg, Германија, заведен во трговскиот регистар при Основниот суд во Брауншвајг под број HRB 100484 („Volkswagen AG“).
Сите содржини на веб-локацијата се проверуваат грижливо. Volkswagen AG ги вложува сите напори, содржините на веб-локациите на Volkswagen AG да бидат ажурирани и точни. Сепак, не може да се преземе гаранција за комплетноста, точноста, ажурираноста и постојаната достапност на веб-локацијата.
Volkswagen AG не презема никаква одговорност за содржината и достапноста на веб-локациите на трети страни до кои може да се пристапи преку надворешни линкови. Volkswagen AG изречно се дистанцира од каква било содржина што може да биде релевантна за кривичниот закон или законот за граѓанска одговорност или што ги нарушува прифатените морални принципи.
2. Заштитни права на содржината на веб-локацијата
При користење на веб-локацијата на Volkswagen AG, мора да се почитуваат авторските права, правата на името и трговската марка, како и другите заштитни права на VOLKSWAGEN AG и трети лица. Меѓу другото, заштитени се сликите, музиката и трговските марки презентирани од Volkswagen AG. Пристапот до веб-локацијата на Volkswagen AG не дава лиценца или некое друго право на користење.
3. Злоупотреба на веб-локацијата
Секаква злоупотреба на веб-локацијата е забрането; особено, не смеат да се заобиколуваат безбедносните одредби и/или безбедносните мерки. Освен тоа, не смее да се користи опрема или апликации коишто би можеле да доведат до оштетување или дефект на опремата на Volkswagen AG, особено со менување на физичката или логичката структура на серверите или мрежата на Volkswagen AG или други мрежи. Не е дозволено комерцијално, систематско користење на веб-локацијата на Volkswagen AG без согласност на Volkswagen AG.
4. Услуги
Преку веб-локацијата, можете да пристапите до дополнителни содржини и услуги на Volkswagen AG или на партнери од Volkswagen AG („Услуги“). Внимавајте на важечките услови на користење за таквите услуги.
5. Volkswagen ID
Volkswagen ID е централната корисничка сметка за многу дигитални производи и услуги кои се нудат од Volkswagen AG и неговите партнери. За некои услуги ќе добиете пристап само ако се пријавите со вашиот Volkswagen ID.
Доколку веќе располагате со Volkswagen ID, тогаш можете да ја искористите за да се најавите за услугите. Ако не сакате да ја искористите вашата тековна Volkswagen ID за пријавување на оваа услуга, или сè уште не поседувате Volkswagen ID, можете да поставите дополнителна или да регистрирате прва Volkswagen ID на https://vwid.vwgroup.io. Внимавајте на важечките услови на користење за Volkswagen ID.
6. Решавање спор
Содржаните одредби во делот „Решавање спорови“ за арбитражната постапка за потрошувачи и решавање спорови онлајн, важат само за потрошувачи кои имаат живеалиште во Европската Унија и не ги загрозуваат законските одредби за решавање спорови кои можат да важат во земји надвор од Европската Унија.
Volkswagen ниту е подготвен, ниту има обврска да учествува во постапки за решавање спорови пред тело за арбитража на потрошувачки спорови.
Европската Комисија обезбедува достапна платформа на www.ec.europa.eu/consumers/odr за вонсудско решавање спорови онлајн. На оваа платформа, потрошувачите ќе најдат список на тела за арбитража на спорови, коишто можат да обезбедат поддршка при вонсудско решавање на спорови.
Волфсбург, февруари 2021