Изјава за заштита на податоци

за веб-локацијата www.myvolkswagen.net/mk/mk.html

A. Одговорен

Благодариме што посетувате веб-локација на Volkswagen AG, Berliner Ring 2, 38440 Wolfsburg, Германија, е-пошта: kundenbetreuung@volkswagen.de, заведено во трговскиот регистар при Основниот суд во Брауншвајг под број HRB 100484 (Volkswagen AG“ или „ние“, „нам“ или „наш“). Во продолжение ќе ве информираме за обработката на вашите лични податоци од страна на Volkswagen AG, во врска со вашата посета на веб-локацијата.

Б. Обработка на вашите лични податоци

1 Обработка на протоколарните податоци

При посетата на нашата веб-локација – веб-локацијата myvolkswagen.net („myVolkswagen“) – ги обработуваме следниве ваши протоколарни податоци, коишто не откриваат ништо за вашата личност:

  • анонимен ИД на колаче што не ја открива вашата IP-адреса,
  • вашиот оперативен систем, веб-прегледувач и резолуцијата на екранот,
  • датумот и времето на посетата,
  • веб-локациите што сте ги посетиле кај нас и
  • веб-локацијата од која нè посетувате.

Обработката на овие податоци се врши врз основа на член 6 став 1 точка ѓ од GDPR врз основа на нашиот легитимен интерес да можеме правилно да ви ја прикажеме веб-локацијата. Податоците се бришат по 30 дена.

За хостирање на веб-локацијата myVolkswagen и за да се обезбедат поединечни функции, личните податоци обработени од CARIAD SE се складираат во облак за веб-услуги управуван од Microsoft Ireland Operations Limited, One Microsoft Place, South County Business Park, Leopardstown, Dublin 18, D18 P521, Ireland. Microsoft Ireland Operations Limited ги кодираат личните податоци според договорите склучени со CARIAD SE и ги обработуваат исклучиво на сервери за податоци во Европската Унија. Не може да се исклучи пристап (за читање) до информациите од страна на Microsoft Corporation или фирми ќерки со седиште во земја која е надвор од ЕУ/ЕЕЗ. Склучени се соодветни договорни клаузули за пренос на лични податоци на обработувач на налози во трети земји што се стандардни за ЕУ, за доволно да се заштитат вашите лични податоци. Искористените договорни клаузули стандардни за ЕУ може да се најдат на URL https://eur-lex.europa.eu/legal-content/EN/TXT/?uri=CELEX:32021D0914Opens an external link.

Паралелно со обработката спомената погоре, личните податоци обработени на овој начин се складираат во облак за веб-услуги управуван од Amazon Web Services, Inc. („AWS“) 410 Terry Ave. North, Seattle, WA 98109, USA. AWS ги кодираат личните податоци според договорите склучени со нас и ги обработуваат исклучиво на сервери за податоци во Европската Унија. Не може да се исклучи пристап (за читање) до информациите од страна на Amazon Web Services, Inc. со седиште во САД. Склучени се соодветни договорни клаузули за пренос на лични податоци на обработувач на налози во трети земји што се стандардни за ЕУ, за доволно да се заштитат вашите лични податоци. Искористените договорни клаузули стандардни за ЕУ може да се најдат на URL https://eur-lex.europa.eu/legal-content/EN/TXT/?uri=CELEX:32021D0914Opens an external link.

2. Volkswagen ID

Можете да се најавите на myVolkswagen со вашиот Volkswagen ID. Тој служи како централен кориснички налог во кој можете централно да управувате со вашите лични податоци. Кога ќе се пријавите со вашиот Volkswagen ID на myVolkswagen, ги обработуваме податоците од вашиот кориснички налог на Volkswagen ID (Член 6 став 1 точка б од GDPR):

  • Име,
  • ословување и титула,
  • датум на раѓање,
  • адреса,
  • телефонски броеви,
  • претпочитан јазик,
  • профилна слика.

За да можете да користите одредени функции на оваа веб-локација, треба да се регистрирате со Volkswagen ID или да се најавите со постоечки кориснички налог Volkswagen ID. Понатаму, веб-локацијата нуди функции што навистина предвидуваат регистрација, односно најава со Volkswagen ID, но не побаруваат. Ако користите Volkswagen ID, избраната услуга ќе биде поврзана со вашиот кориснички налог на Volkswagen ID. Ова поврзување се врши само ако сте се согласиле (член 6 став 1 точка а од GDPR). Понатамошни информации за обработката на податоци во рамки на Volkswagen ID ќе најдете во Изјавата за заштита на податоци, на https://vwid.vwgroup.io/data-privacyOpens an external link.

3. Функции на myVolkswagen

Наведените дигитални услуги во следниот дел можат да се најдат во подрачјето за клиенти на myVolkswagen. myVolkswagen ги обединува релевантните информации и прилагодувања околу вашето возило, како и дигиталните услуги.

a. Виртуелна гаража

Во виртуелната гаража, имате можност да ги зачувате вашите порачани или веќе поседувани возила во профилот на Volkswagen ID. На тој начин, можеме да ви дадеме преглед на вашите возила и нивната опрема, како и удобен пристап до други услуги поврзани со возилото на веб-локацијата, без да морате одново да го идентификувате вашето возило. За тоа, внесете го комисискиот број (кај возила што се наоѓаат во производство) или бројот на шасија (VIN; кај возила што се веќе во посед), за да го идентификувате возилото. Потоа имате можност да внесете доброволно други податоци за вашето возило (ознака, прекар), кои ќе ви олеснат да го идентификувате возилото во тековно достапниот преглед на возила. Ако овие податоци се веќе достапни во Volkswagen ID, ќе се пренесат на виртуелната гаража. Ако се одлучите да ги внесете овие податоци, истите ќе се зачуваат во Volkswagen ID. Во тој случај, вашите лични податоци ќе се обработуваат за да можеме да ви ги доставиме бараните услуги. Обработката се врши според чл. 6 став 1 точка б од GDPR. 

Понатаму, во овој преглед на возила ќе ви се прикажат слики од возилото во фаза на производство. Тие податоци ќе ви се уредат според внесениот идентификациски број на возилото. Ако сакате да ги избришете или промените податоците, тоа можете да го направите во Volkswagen ID. Вашите лични податоци ќе се чуваат колку што е потребно за да ви се достават бараните услуги. Ако не сте се најавиле со Volkswagen ID во рок од 5 години, ќе го избришеме тој Volkswagen ID, вклучувајќи ги и личните податоци, освен ако не сме обврзани да ги чуваме податоците подолго од други причини.

б. Протоколарни податоци

Ако сте се пријавиле со вашата Volkswagen ID во myVolkswagen, ќе ги евидентираме следниве податоци во случај на грешки:

  • Вашиот Volkswagen ID во форма на корисничкото име
  • Вашиот идентификациски број на возилото (доколку грешката во функција со контекст на возилото настапила, а вие претходно сте додале возило во вашиот кориснички налог)

Овие протоколарни податоци ги обработуваме врз основа на оправдан интерес (чл. 6 став 1 точка ѓ од GDPR), кој постои во тоа да се отстранат брзо грешки што настапуваат на оваа локација и најдобро да ве поддржуваме во случај на грешка. Овие протоколарни податоци ќе се зачуваат кодирани и ќе се избришат автоматски по 30 дена.

в. Customer Interaction Center (CIC)

Можете да стапите во контакт со Customer Interaction Center (CIC) ако имате проблеми со нашите дигитални услуги или апликации (на пример, преку пошта, е-пошта или телефон). Во тој контекст, [ги обработуваме/Volkswagen AG ги обработува] личните податоци потребни за обработка на вашето барање за целите на корисничката поддршка (име, адреса на е-пошта, адреса, телефонски број, држава и јазик). Повеќе информации за обработката на личните податоци кога се користи CIC можете да пронајдете во Политиката за заштита на лични податоци на CIC на [https://cic-legal.volkswagen.com].

В. Употреба на колачиња

а. Општи информации

Volkswagen AG користи колачиња на своите веб-локации. Колачињата се мали датотеки со информации за конфигурирање коишто се зачувуваат на вашиот мобилен уред. Колачињата во основа се делат во три категории. Тоа се колачиња што се неопходни за функционалност на веб-локацијата (т.н. функционални колачиња).

Обработката од функционалните колачиња е неопходна за да ви овозможи да ја посетите веб-локацијата (спореди чл. 6 став 1 точка б GDPR).

Повеќе информации за нашите колачиња можете да најдете во Упатствата за веб-колачиња.

Г. Вашите права

Можете да ги уважите следните права спрема Volkswagen AG во секое време. За повеќе информации за остварување на вашите права, видете во делот Г.

Право на информации

Имате право да добивате информација дали определени лични податоци ќе се обработуваат од нас и за кои се работи (чл. 15 GDPR), како и информација за обработката на вашите лични податоци. Освен тоа, имате право да добиете копија од личните податоци што сме ги обработиле.

Право на корекција

Имате право да побарате да ги поправиме неточните или нецелосните лични податоци за вас (член 16 DSGVO).

Право на бришење

Имате право да побарате бришење на вашите лични податоци доколку се исполнети предусловите утврдени во член 17 од GDPR. Според оваа одредба можете, на пример, да побарате бришење на вашите податоци, доколку тие повеќе не се потребни за целите за кои се собрани. Освен тоа, може да побарате бришење доколку ги обработуваме вашите информации врз основа на вашата согласност и вие ја отповикате оваа согласност.

Право на ограничување на обработката

 Имате право да побарате ограничување на обработката на вашите податоци доколку се исполнети предусловите утврдени во член 18 од GDPR. Ова е случај, на пример, доколку ја негирате точноста на вашите податоци. За времетраењето на проверката на точноста на податоците може да побарате ограничување на обработката.

___

Право на приговор

Доколку обработката се заснова на преовладувачки оправдан интерес или е потребна за исполнување на задача која лежи во јавен интерес, или се изведува од пренесена јавна моќ на нас (чл. 6 став 1 точка e од GDPR), имате право да се спротиставите на обработката на вашите податоци. Во случај на приговор, известете нѐ за причините поради кои се спротивставувате на обработката на податоците.

Покрај тоа, имате право да се спротиставите на обработката на вашите лични податоци за маркетиншки цели. Истото важи и за профилирањето, кога тоа е во склоп со директен маркетинг.

___

Право на преносливост на податоци

Онаму каде што обработката на податоците се заснова на ваша согласност или исполнување на договорот, а тоа е направено со примена на автоматска обработка, имате право да ги добивате вашите податоци во структуриран, вообичаен и машински читлив формат и да ги пренесете на други одговорни (Чл. 20 GDPR).

Право на отповикување: Доколку обработката на податоците е заснована на ваша согласност, имате право, со ефект за во иднина, бесплатно и во секое време да ја отповикате согласноста.

Право на жалба

Освен тоа, имате право да се жалите до надзорниот орган или друго надлежно место за заштита на податоци, за нашата обработка на вашите податоци. Тоа може да биде, на пример, службата за заштита на податоците во вашата земја на престој. Список на сите служби за заштита на податоците во Европската унија може да се најде тука: https://ec.europa.eu/justice/article-29/structure/data-protection-authorities/index\_en.htmlOpens an external link

Д. Лице за контакт

Лице за контакт за остварување на вашите права

За сите информации околу тоа, на кое лице можете да се обратите за да ги остварите своите права или да добиете информации, посетете ја следната врска https://privacy.volkswagen.comOpens an external link.

Службеник за заштита на лични податоци

Нашиот службеник за заштита на лични податоци ви е достапен како лице за контакт за прашања поврзани со заштитата на податоците, како и за остварување на вашите права:

Datenschutzbeauftragter der Volkswagen AG

Berliner Ring 2, 38440 Wolfsburg

Е-пошта: datenschutz@volkswagen.de

Состојба: Февруари 2021